Месечен хороскоп на јануари 2019

Дознајте каков ќе ви биде првиот месец во новата година

ОВЕН 21. МАРТ – 20. АПРИЛ

Главно ќе се трудите со пријателски пристап да надвладеете над повремените празнини во личните односи. Понекогаш тоа ќе го правите преку еротика. Ќе бидете повеќе или помалку успешни. Некои дури и така ќе ја освежат својата врска. Работа ќе имате сосема доволно, но потешко ќе наоѓате заеднички јазик со надредените. Сетете се на зборот „компромис“.

БИК 21. АПРИЛ – 20. МАЈ

Довербата и разбирањето ќе ви бидат главна преокупација целиот месец во приватниот живот. Некои можеби и ќе патуваат и така ќе ги прошират заедничките хоризонти. За работата нема да ја имате потребната енергија, па подобро организирајте се. Понекогаш ќе ве мачат морални дилеми, па однапред одредете што е правилно.

БЛИЗНАЦИ 21.МАЈ – 20. ЈУНИ

Ако исклучиме некои мали вербални недоразбирања, вашиот приватен живот ќе биде солиден во поглемиот дел од овој месец. На работа ќе треба да соработувате со другите луѓе бидејќи тие ќе го имаат главниот збор. Ќе имате одредени промени и новости.

РАК 21. ЈУНИ – 22. ЈУЛИ

Ќе гледате што подобро да ги искористите разновидностите на работните можности. Понекогаш нема да бидете сигурни во што да се впуштите. Затоа најдобро е да го слушате вашиот внатрешен глас. Љубовниот живот ќе ви биде интересен. Ќе отворите многу теми на кои би сакале да разговарате со партнерот. Но ќе постои и мала дистанца во љубовта.

ЛАВ 23. ЈУЛИ – 22. АВГУСТ

Овој месец повеќето ќе водат борба со емоциите. Понекогаш тие ќе испливаат во неповолен момент, а понекогаш тешко ќе им одолеете на емоциите. Воздржувајте се и се ќе излезе добро. Работите во себе ќе носат трансформации на кои ќе треба да им се придржувате. Работното темпо ќе биде такво што нема да имате многу паузи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.