Месечен хороскоп на јануари 2019

Дознајте каков ќе ви биде првиот месец во новата година

ДЕВИЦА 23. АВГУСТ – 22. СЕПТЕМВРИ

Нема да има несогласувања меѓу вас и вашето сакано лице, но повремено ќе приговарате. Ослободете се од тоа бидејќи тоа е сосема непотребно. На двајцата ќе ви биде поубаво без тоа. Значи, на вас е. Во она што го работите ќе препознаете дека можете повеќе, но сепак одредете ја границата за да не претерате. Организирајте се подобро.

ТЕРЕЗИЈА 23. СЕПТЕМВРИ – 22. ОКТОМВРИ

Љубовта овој месец може да дојде тивко и без многу атракции. Некои ќе бидат затекнати. Ќе има и такви што ќе чувствуваат копнеж по некого, а чувството на осаменост ќе се зголеми. Бидете меѓу луѓе и на забави. Забавата е загарантирана, па дури и ако личните односи останат површни. Во работата ќе имате можност да ја проширите соработката со помлади лица. Поддржете ги.

СКОРПИЈА 23. ОКТОМВРИ – 22. НОЕМВРИ

Малку дрдорење, малку бакнување – така може да се опише вашиот љубовен живот овој месец. Оние што се во подолги врски, во партнерот ќе откријат и одличен пријател. На работа ќе бидете добри освен што ќе ви недостасува енергија. Затоа, се внимателно планирајте и обезбедете си доволно сон и одмор. Одете во природа.

СТРЕЛЕЦ 23. НОЕМВРИ – 21. ДЕКЕМВРИ

И приватно и деловно, вие ќе се стремите кон високи цели, кои одговараат на вашите идеали. Реалноста повремено ќе ве демантира. Шефовите на работа ќе ве нервираат. Држете се до зададените обрасци, не експериментирајте. Ќе бидете многу коминукативни и способни да се поврзете со сите, но и да ги поврзувате луѓето меѓусебно.

ЈАРЕЦ 22. ДЕКЕМВРИ – 19. ЈАНУАРИ

Повеќето ќе продолжат да ја развиваат врската со уште поголем интензитет. Оние што се уште се сами, ќе бидат многу заводливи, па затоа и успешни во новите познанства. За секоја работа ќе имате сила, но не и нерви да трпите авторитети. Со задоволство ќе работите сами, но ако морате да соработувате со некого, ќе сакате тоа да биде по ваше. Најдете златна средина.

ВОДОЛИЈА 20. ЈАНУАРИ – 18. ФЕВРУАРИ

Ќе бидете задоволни, но и таинствени, па за многумина и привлечни. За некого можеби и фатални. Ако сте сами, излегувајте на забави. Ако сте во врска, ќе ја обновите. На работа ќе ја користите својата интуиција. Влијанието ќе ви порасне и ќе добиете поддршка од необични луѓе. Цел месец ќе имате сила за двајца. Пред вас се одлични резултати.

РИБИ 19. ФЕВРУАРИ – 20. МАРТ

Месецот пред вас ќе створи многу можности за длабока љубов. Оние што веќе се во врска ќе ги обноват односите што едвај ги чекале, а оние што се сингл ќе бидат ефективни во можните врски. Ќе бидете среќни. Истовремено стресот нема да ве избегнува, и поради шефовите и поради зголемениот притисок на самата работа. Редовно опуштајте се.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.