Голем месечен хороскоп за АПРИЛ: На еден знак сите ѕвезди му се наклонети!

Астро-прогноза

Ни претстои возбудлив месец

Лав

Ќе се борите храбро овој месец со сите обврски и проблеми што само ви се натрупуваа. Сепак, сметате дека тоа не е ништо необично за вас и вашиот живот. Навикнати сте на ваквиот животен стил и не можете да се замислите поинаку. На работа, ситуацијата конечно ќе тргне на подобро, имате соработници што ви помагаат, но мора да научите секојдневно да соработувате со нив.

Вашиот љубовен живот е бурен како и секогаш, но вам сето тоа веќе ви досади. Сакате да се смирите и да уживате во пријатните моменти со саканата личност. Доста ви е од драми, игри и губење време со личности што не го заслужуваат тоа. Понекогаш фантазирате за долга и стабилна врска без конфликти, но овој месец не е вистинско време за стабилност. Вашиот авантуристички дух постојано бара нешто ново и возбудливо и се’ уште не сака да се смири.

Забавите и ноќниот живот ќе го земат својот долг. Не можете без последици да си легнувате доцна и да станувате рано. Можни се проблеми со гласните жици и со исцрпеност, а само од вас зависи колку долго ќе трае тој проблем. Имунитетот не ви е најдобар, а вие секој ден дополнително го ослабувате. Мора да прекинете со пороците и да почнете секој ден да се храните здраво.

Девица

Деловната комуникација со една важна личност ќе ви донесе многу позитивни работи овој месец. Ќе имате шанса да научите многу работи поврзани со вашето работно место, а тоа ќе ви отвори нова врата за развој на кариерата и за подобро остварување на целите и плановите што подолго време ги спремате, но не ги реализирате. Можна е финансиска добивка на средина од месецот, но нема да биде спектакуларна како што очекувате. Целата таа приказна околу работата ви звучеше предобра за да биде вистинита, а сега се уверувате во тоа.

Конечно дојде време за уредување на вашиот животен простор и овој месец е идеален за тоа. Точно знаете што се’ сакате да промените, имате солидна замисла, само ви треба вистинската личност што ќе ви помогне да ја реализирате вашата идеја. Ако сакате, секогаш можете да побарате совет од пријателите, но знаете дека нивните вкусови не се согласуваат со вашите и дека без потреба само ќе добиете многу совети што не ви се допаѓаат.

По толку години барање и истражување, конечно сте во врска со личност која е многу повозрасна од вас и чудно е тоа што не сте сфатиле порано колку е тоа подобро од губењето време со незрели луѓе кои не знаат што сакаат. Повозрасните лица се позрели, помирни и постабилни и токму таква личност ви треба во ваков тежок момент кога немате никого.

Терезија

Роковите се кратки, но успевате да завршите се’ во договореното време. Ни самите не верувавте дека можете да ги завршите сите обврски без никој да ве притиска. Работата не трпи поради вашиот неорганизиран приватен живот, но ако наскоро не ги средите приватните обврски, работата ќе почне да трпи. Обидете се да го одбегнете тоа по секоја цена. Некои колеги ќе останат без работа затоа што не се труделе доволно да ги завршат задачите на време, но тоа не ве погодува. Знаете и сами колку се трудите и колку вредите, другите воопшто не ве интересираат.

Семејството и блиските пријатели сакаат да поминат повеќе време со вас, но тоа не е возможно на почетокот од месецот. Сепак, на крајот од втората половина ќе имате повеќе време за приватен живот, па искористете го тоа. Одете на излет или пикник со семејството или направете мала семејна забава за да разговарате и дознаете што има ново.

Во последно време додадовте вишок килограми, но не сакате да признаете и им се лутите на сите што ќе го спомнат тоа. Длабоко во себе знаете дека јадете повеќе одошто му треба на организмот, јадете на нервна база, кога сте нервозни и депресивни, а тоа може да ви го загрози здравјето. Ако не можете сами да се изборите со тој проблем, побарајте совет од стручно лице.

Скорпија

Знаете дека без добри и силни деловни врски нема да остварите добар резултат, и затоа пред да почнете што била, мора да контактирате некои лица на повисока позиција за да видите дали ќе ве поддржат во вашата намера да направите нешто корисно за целиот град. Ако не добиете поддршка, губите драгоцено време и најдобро е да заборавите на таа замисла.

Вашите комуникативни вештини не ве служат баш најдобро овој месец. Не умеете добро да кажете што сакате и поради тоа ќе дојде до недоразбирања со партнерот. Имате заеднички цели, но не сте сигурни дали сакате да ги реализирате на истиот начин и тоа доведува до расправии. Ќе мора да го решите ова што побрзо ако сакате да продолжите заедно.

Знаете дека имате проблеми со варењето кога сте нервозни и вознемирени, но не можете да ги одбегнете стресните ситуации кои секојдневно се присутни во вашиот живот. Ако мислите дека сами можете да се справите со тоа, тоа е сосема во ред, но не се срамете да побарате и стручна помош. Сите ви велат дека треба помалку да се нервирате, но никој не знае дека живеете со брзо темпо и не знаете како поинаку. Тешко ви е да смените некои штетни навики. Обидете се да ги промените пред да биде доцна и пред да ви се случат некои лоши работи по здравјето како предупредување.

Не го пронајдовте вашиот хороскопски знак? Продолжете на последната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.