Голем месечен хороскоп за АПРИЛ: На еден знак сите ѕвезди му се наклонети!

Астро-прогноза

Ни претстои возбудлив месец

Овен

Овој месец мора да поработите на личните односи со луѓето што ви се блиски или ви биле блиски, но сте се оддалечиле. Ако ви се чини дека се’ ви оди како подмачкано, во втората недела од месецот ќе се уверите дека тоа не е баш така. Ќе се случат некои настани што ќе ве забават и ќе ве поколебаат. Некои луѓе од кои сте очекувале поддршка, ве напуштиле кога ви било најпотребно и сега мора сами да минувате низ многу проблеми. Но можете да најдете нови соработници за да ви биде полесно и за да не ги преземете сами сите обврски.

Кога станува збор за љубовта, втората половина од месецот ќе ви ја донесе долго очекуваната промена. Излегувавте од врска во врска во потрага по вистинската личност, но секоја нова љубовна авантура ве разочаруваше и токму кога решивте да останете сами, една нова личност во вашиот живот толку многу ќе ве импресионира што нема да знаете што ве снашло. На почеток, ќе се преправате дека емоциите не се толку силни, но како што ќе минува времето, нема да можете да ги скриете.

Бик

Месецот би требало да почне едноставно и лесно, но вие мора да ги искомплицирате работите, зар не? Само неколку погрешни одлуки ќе ве одведат на погрешен пат и наместо да бидете поблиску до целта, вие ќе се оддалечите уште повеќе и така ќе се вплеткате во уште повеќе обврски. Пред да донесете одлука, мора да размислите за сите фактори што се во игра.

На работа не ви е баш најдобро, а тоа се должи на фактот што секој разговор со колегите го претворате во караница и мислите дека само вие знаете најдобро. Но треба да ја проголтате вашата гордост и да сфатите дека не сте семоќни и дека треба да ги прифатите советите на колегите што работат подолго од вас и кои сакаат да ви помогнат.

Но не е се’ така црно. Во третата седмица од месецот ве очекува убаво дружење со пријателите и тогаш ќе можете да заборавите на многуте проблеми на работа и ќе можете да се опуштите. За време на тие дружби ве очекуваат и нови познанства, а вие ќе зрачите со позитивна енергија и харизма на која многумина нема да можат да и’ одолеат.

Близнаци

Нема да можете долго да останете мирни и спокојни овој месец. Само првите неколку дена се резервирани за тоа, а потоа ве очекуваат бурни и напорни разговори и преговори во секој аспект од животот. Ќе мора искрено да разговарате со саканата личност во врска со тоа во која насока оди вашата врска, бидејќи гледате дека вака веќе не може да продолжите. Мора да вложите труд и време ако не сакате и оваа врска да ви пропадне.

Не ви оди ни на финансиски план и секогаш ви недостигаат пари. Колку и да се трудите да штедите и да го купувате само она што ви треба, повторно немате доволно пари и така ќе ви биде во наредниот период. Се обидувате да најдете дополнителна работа, но моментално не сте подготвени за повеќе обврски. Доколку најдете уште една работа, ќе прегорите и ќе ја изгубите сета енергија.

Здравствената состојба ви е стабилна, но не земајте го тоа здраво за готово. Мора да отфрлите некои лоши навики што повторно станале дел од вашиот живот. Еден период бевте на вистинскиот пат и ги отстранивте навиките поради кои се чувствувате лошо, но штом се изнервирате, повторно посегнувате по нив.

Рак

Вашата кариера ќе стане мета на многумина што сметаат дека не знаете да си ја вршите работите или дека не се трудите доволно. Се обидувате да ги разубедите, но кога ќе ги погледнете остварените цели, немате многу со што да се пофалите. Сепак, многу деловни партнери веруваат во вас. Сметаат дека ова е само еден лош период од кој наскоро ќе се извлечете.

Вашиот партнер нема разбирање за вашите барања и потреби, кои, мора да признаете, секој ден се се’ побројни. Во втората половина од месецот ќе добиете шанса за романтично патување. Можеби таму ќе остварите подобра комуникација и ќе решите некои проблеми што подолго време ве мачат. Мора постојано да разговарате со саканата личност и да напредувате во врската, не смеете да ја земате здраво за готово.

Чувствувате болки во слепоочниците, најдобро е да го проверите крвниот притисок, бидејќи и сами знаете дека имате генетска предиспозиција за тоа. Не смеете повеќе да јадете солена и масна храна, но едноставно не можете да и’ одолеете. Сепак, ако сакате да го сочувате вашето здравје што е можно подолго, мора да ја поправите исхраната и да исфрлите многу лоши навики.

Продолжете на следната страница за останатите хороскопски знаци…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.