Голем месечен хороскоп за АПРИЛ: На еден знак сите ѕвезди му се наклонети!

Астро-прогноза

Ни претстои возбудлив месец

Стрелец

Креативни сте, но немате кому да му го покажете тоа. Никого не го интересира тоа што го знаете и тоа што можете и умеете да го правите. Денес се ценат некои други вредности, што вие ги немате и затоа сте заглавени во времето и просторот. Се обидувате да се прилагодите, но не ви оди.

Ги набљудувате паровите околу себе, сите ви изгледаат среќно и вљубено, но се прашувате дали тоа е само маска или навистина постои искрена љубов. Вие се’ уште не сте успеале да ја најдете и доживеете, секогаш сте биле во врска со некој што повеќе го сака вашиот паричник одошто вашиот карактер. Многу луѓе не гледаат какви сте како личност туку што можете да направите за другите. Сите сакаат да ве искористат некако и поради тоа не ве интересира почнување љубовна врска.

Јарец

Ако овој месец не ги регулирате бројните несогласувања со саканата личност, на вашата врска ќе и’ дојде крајот. Од недела во недела само ги криете работите под тепих, надевајќи се дека се’ ќе помине само од себе, а само го одложувате неодложното. Кога ќе се натрупаат проблеми, не смеете да се преправате дека не постојат, туку решавајте додека се малку, во спротивно само ќе се изморите од бројни кавги и расправии.

Работевте на себе и се гледа дека сте многу поопуштени и посамоуверени на работа. Самодовербата е добра особина за сите работници и колегите сакаат да го видат тоа. Сепак, во втората недела можни се помали недоразбирања, па ќе дојде до неколку конфликти на работното место, но ќе можете да ги решите за кратко време. Ако им покажете на соработниците дека се нервирате, тоа е знак на слабост, така што одбегнувајте изливи на емоции, особено на работа. Бидете смирени и стабилни, тоа ќе ги збуни противниците и ќе излезете како победници.

Водолија

Парите моментално ви се најважни, но длабоко во себе знаете дека тоа е погрешно. Сепак, не можете да одолеете, сакате пари и сакате да ги имате уште повеќе, но за да ги добиете мора да работите дополнително и така влегувате во маѓепсан круг. Сепак, наскоро ќе ви биде доста од се’, а дотогаш заработувајте колку што сакате, но знајте дека тоа нема да ви ги надомести другите недостатоци. Најмногу ви недостига емоција и нежност.

Втората недела од овој месец ќе ви донесе стабилност на работа, но многу бурни случувања на љубовен план. Никогаш нема да најдете мир во љубовта ако продолжите со вакво однесување. Без разлика како изгледате, вашата гордост го одбива спротивниот пол и ако сакате да го смените тоа, мора да го смените пристапот.

Втората декада од месецот ќе ви донесе подобрување на здравјето и конечно ќе бидете одморени. Искористете го овој период за добро да се наспиете и одморите за некои идни настани и обврски. Не би било лошо да направите еден детален систематски преглед. Одамна го одложувате, а бидејќи во втората половина од месецот немате толку обврски, посветете му се на вашето здравје.

Риби

Целиот месец е поволен за нови работни можност и само од вас зависи дали ќе ги искористите новите шанси за нови познанства или не. Ќе посетите неколку манифестации каде што ќе има големи имиња од бизнис-светот и ќе мора да им пристапите на елегантен начин ако сакате да оставите добар впечаток.

Ако сте спремни за љубовна авантура, тогаш ќе ја добиете. Без разлика дали авантурата ќе се претвори во нешто посериозно или ќе остане на ниво на страст, втората половина од месецот е отворена за нови емотивни познанства и ќе можете да одберете со кого сакате да пробате некои нова работи. Којзнае, можеби ве чека и романтично патување!

Вашето здравје е идеално. Немате време да бидете болни и без енергија, вашата работа и љубовен живот ви даваат елан и мотивација и секој ден се борите со сите можни настинки и болести кои ги имаат луѓето околу вас, но нема да успеат да ве заразат. Сепак, продолжете со здрава исхрана и консумација на витамини и минерали, умерено консумирајте поштетни напивки и чувајте се од промаја и газирани пијалаци, на кои сте чувствителни.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.