Дневен хороскоп за 24 февруари: На Лавот му претстои голем професионален успех!

Астро-прогноза

Овенот е искрен, Бикот полн со енергија, Ракот решава проблеми, Девицата добива покачување на платата, Јарецот е уморен, а Водолијата е под стрес…

Овен

Моментално сте посветени на некои семејни проблеми, па немате доволно концентрација на работен план. Најважно ви е да бидете искрени кон саканата личност на љубовен план. Можно е да се чувствувате изнемоштено.

Бик

Имате многу позитивна енергија која планирате да ја насочите на вашата работа. Подготвени сте да прифатите поголеми предизвици. Ви се допаѓа личност која не е свесна за вашите чувства. Можно е да сте подготвени за љубовни промени. Имате вишок енергија.

Близнаци

Можете да се потпрете на колегите со кои соработувате и да очекувате позитивни промени на професионален план. Може да очекувате стабилна ситуација со саканата личност. Ако сте слободни, ве очекува флерт. Проблеми поврзани со нервниот систем.

Рак

Ќе добиете многу убави вести што долго сте ги чекале. Може да се надевате на позитивни промени на професионален план. Доколку сте планирале да започнете заедница со личноста што ја сакате, ви претстои поволен период. Ќе успеете да решите некои проблеми.

Лав

Може да очекувате понуда за соработка во странство. Патувањата ви се одлично прикажани и ве очекува успех. Може да очекувате познанство со личност која отворено ќе ви ги покаже своите чувства. Чувајте се од хронични проблеми.

Девица

Ќе успеете да остварите значително подобрување на вашите финансии. Може да се надевате на позитивни промени. Држете се цврсто до позитивните договори и ставови што сте ги зазеле заедно со партнерот. Немате проблеми со здравјето.

Терезија

Може да очекувате понуда за работна соработка со компанија што ќе ви пружи добри услови. Ве очекува ново познанство на љубовно поле преку трета личност. Внимавајте ако сте склони на алергии.

Скорпија

Може да очекувате напорен ден во текот на кој ќе морате максимално да се посветите на работата и обврските. За сега не ви е лесно да најдете компромис со партнерот. Имате конфликти и несогласувања. Можен е пад на имунитетот.

Стрелец

Влегувате во нов работен проект кој ќе биде многу важен за вашиот иден напредок во кариерата. Задоволни сте од врската со саканата личност и се надевате дека ќе ја задржите позитивната атмосфера. Имате добро здравје.

Јарец

Може да очекувате дека вашиот работен простор ќе има позитивно влијание врз развојот на вашата работа. За сега не ви е лесно да ги покажете вашите емоции. Можно е и самите да не сте сигурни што всушност сакате. Проблеми поради умор.

Водолија

Можни се помали конфликти во работното опкружување, како и стресови што нема лесно да ги поднесете. Ви се допаѓа личност која не е сигурна во своите чувства. Имате впечаток дека ќе морате да чекате да се одлучи. Зголемете ја консумацијата на магнезиум.

Риби

Може да очекувате некакви кочници и нема да ви биде лесно да ги остварите вашите планови денес. Можно е вие и партнерот многу да се разликувате и се’ повеќе се ближи раскинувањето. Можни се болки во грбот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.