3 најголеми баксузи во целиот зодијак: Целиот живот се прашуваат што ли згрешиле!

Дали сте на списокот?

Постојано размислуваат зошто ги снаоѓа лоша судбина

На сите нас во некои периоди од животот ни се чини дека сме родени баксузи. Но колку вистина има во тоа и зошто е тоа така, ни открива хороскопот.

Ова се трите хороскопски знаци кои најчесто се прашуваат што згрешиле за да ги снајде таква судбина…

Девица

Девиците се вешти во решавање туѓи проблеми и во делење совети, но самите себеси не можат да си помогнат. Кога се нервозни, тие чистат, полираат, па животниот простор им е толку стерилен што гостите честопати се чувствуваат малку непријатно, напнато и неудобно. Сакаат сè во животот уредно да пакуваат во фиоки, да етикетираат, а да сортираат, а кога нешто не оди по планот, ги фаќа паника.

Нивниот живот постојано непријатно ги изненадува. Само што ќе средат сè, на тепихот ќе се истури чаша вино. Само што ве сместиле во својот емотивен компас, а вие сте направиле нешто неочекувано и сега повторно мораат сè да преиспитуваат, да именуваат… Целиот живот им поминува во исправање некакви криви Дрини, па често се прашуваат што ли згрешиле за да ги снајде таква судбина.

Терезија

Она што најмногу ги нервира Терезиите е неправдата. Ја воочуваат насекаде околу себе, а често ја чувствуваат и на своја кожа и секогаш постои нешто што им ги нарушува мирот и среќата. Спаѓаат во оние луѓе што прво се излајуваат, па размислуваат и потоа со денови размислуваат како можеле да постапат и што би било кога би било… Им годат убави луѓе и луксузни работи. Изгледот им е многу важен и никогаш нема да се помират со знаците на стареење.

Тоа за нив е една од најголемите неправди во светот. Многу сакаат да си играат детективи, да разоткриваат измами, да демаскираат лажговци и измамници, само проблемот е во тоа што сè сфаќаат лично. За нив и самиот факт што постојат лоши луѓе е лична навреда. Кога ги решаваат туѓите проблеми, тие ги доживуваат како свои. Се сметаат себеси за емпати, но големо прашање е колку воопшто се во состојба да излезат од својот свет и поинаку да ги согледаат работите.

Риби

Рибите се проклетство самите за себе. Слабо контактираат со реалноста, па постојано упаѓаат во незгодни ситуации. На негативните животни околности реагираат бурно и непресметано. Тие во својата глава имаат зацртано како нивниот живот треба да изгледа и како треба да функционира совршениот свет.

Бидејќи реалноста постојано им се спротивставува на тоа, тие истата таа реалност ќе се обидат да ја дотолчат во пијана состојба. Кога ќе наидат на проблем што тешко се решава, секогаш ќе се обидуваат силум да го довлечат проблемот на своја територија и во својот свет каде што владеат поинакви закони на физика, математика и духовност. Ова особено е изразено кога се под дејство на алкохол или кога се понесени од емоциите.

Повеќе уживаат во туѓото страдање одошто во сопствената среќа: Ова се најсуровите хороскопски знаци!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.