Повеќе уживаат во туѓото страдање одошто во сопствената среќа: Ова се најсуровите хороскопски знаци!

Астрологијата открива

Дали се согласувате со зборовите на астролозите?

Во денешно време постојат многу луѓе што ни ја црпат енергијата и што си ја хранат душата со сознанието дека некому не му оди баш најдобро. Астролозите велат дека ваквите луѓе се енергетски вампири, а тие најчесто се раѓаат во овие хороскопски знаци…

Стрелец

На прв поглед изгледаат љубезно, но тоа е само нивна маска. Стрелецот никогаш нема да пропушти можност да го извлече она што му треба од некого. Тие се вешти манипулатори и ги искористуваат луѓето за да дојдат до зацртаните цели. Тие ќе ви станат најдобри пријатели, а потоа ќе го земат од вас она што им треба, ќе ви го свртат грбот и никогаш повеќе нема да ви се јават.

Јарец

Во овој хороскопски знак се раѓаат луѓе кои на сите им завидуваат поради успехот. Тие обожаваат да шират приказни за другите луѓе и уживаат во туѓото страдање. Во крв им е да ги понижуваат другите и често мислат дека се во право и дека немаат ниту една мана. Кога ви е тешко во животот, Јарецот секогаш ќе се најде во близина да ви достави сол на раната.

Близнаци

Близнаците честопати несвесно излегуваат лоши. Тие бараат внимание од другите, но кога некој нивен близок ќе се најде во неволја, не знаат да дадат поддршка. Тие не се толку љубоморни колку што едноставно не знаат да бидат утеха и рамо за плачење. Тие едноставно не знаат што се одговорноста и обврските. Ќе ве повредат, а потоа ќе се однесуваат како ништо да не се случило.

Лав

Припадниците на овој хороскопски знак едноставно сакаат да му го загорчат животот на оној што им згрешил. Тие се мајстори за одмазда и тоа го прават смислено и плански. Многу лесно губат нерви поради туѓиот успех и ако некому му оди добро, тој веднаш му станува главен непријател на Лавот. Претставниците на овој знак имаат потреба секогаш да бидат пред сите, на врвот и во центарот на вниманието, па често чувствуваат љубомора и гнев поради туѓите успеси.

Скорпија

Тие уживаат да им го уништуваат животот на другите, без посебна причина, едноставно уживаат во фактот што некој страда. Дури и ако бидат откриени, ќе најдат многу причини да се оправдаат, но никогаш не ја признаваат својата вина. Најмногу уживаат во сплеткарење и во озборување. Не се ни обидувајте да ги смените овие луѓе.

Тие никогаш нема да ви кажат „те сакам“: Мажите родени во овие хороскопски знаци никогаш не покажуваат емоции!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.