Секогаш кога некој ќе се обиде да ве навреди, постапете вака: Мудрите зборови на овој старец го менуваат животот од корен!

Мудро

Оној што навреме ќе го примени ова правило, ќе живее посреќно и поубаво

Еден човек јавно навредувал еден старец и му го кажал следново:

„Ти си безбожник, пијаница и крадец.“

Старецот како одговор на тие навреди само му се насмевнал.

Еден младич облечен во најдобриот костим ја набљудувал таа сцена и го прашал старецот:

„Како можете да толерирате такво нешто?“

Старецот повторно се насмевнал и му кажал: „Ајде да одиме кај мене, сакам да ви подарам нешто.“

Младичот го следел старецот до една нечиста дрвена соба. Мудриот човек го вклучил светлото и почнал да претура низ плакарот, каде што нашол валкан капут. Потоа, му го фрлил валканиот капут на младичот и му кажал: „Пробајте го, сигурно ќе ви одговара.“

Младичот го зел капутот, го погледнал и огорчено му рекол на старецот:

„Што ќе ми е овој валкан капут? Јас сум добро облечен, вие сигурно сте луд!“

На тие зборови, старецот му одговорил: „Вие не сакате да го прифатите овој валкан капут. Слично на тоа, јас не сакав да ги прифатам тие валкани зборови што човекот ми ги упати.“

Поучна приказна: Една жена видела тројца старци пред куќата, па одлучила да ги повика внатре…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.