БАФТА 2024: Марго Роби во фустан сличен на креацијата на дизајнерката Анастасја Трајковска од 2022!

Холивудски гламур

Сличностите меѓу двете тоалети се очигледни

Вчера вечерта во Лондон се одржа доделувањето филмски награди БАФТА. Бројни познати личности зачекорија на црвениот килим и ги воодушевија присутните со своите модни избори.

Една од нив беше и актерката Марго Роби, која повторно предизвика восхит со својот препознатлив гламур. Триесет и три-годишната актерка ги привлече погледите во неверојатна креација на Giorgio Armani Privé, направена по нарачка и изработена од луксузна свила во нијанси на розова и црна боја.

Интересно е тоа што пред две години, на Канскиот филмски фестивал во 2022 година, можевме да видиме слична ваква креација, изработена и осмислена од страна на нашата позната модна дизајнерка Анастасја Трајковска која живее и работи на релација Австрија-Монако.

Германската актерка и моделка Вилма Елес, која беше заштитно лице на јубилејната колекција на брендот „Анастасја Трајковска“, се појави во корсет-фустан од луксузна свила, што магазинот „Ел“ го прогласи за еден од најубавите фустани на црвениот килим во Кан во 2022 година.

Сличностите меѓу двете тоалети се очигледни, а несомнено е дека и двете актерки одлично ги носат, давајќи им свој личен печат!

Разговор со Анастасја и Елизабета Трајковски: „Го живееме сонот!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.