Завршила на пуст остров со љубовникот и му родила дете: Тие умреле од глад, а по 2 години неа ја пронашле ЖИВА!

Како успеала да преживее?

Оваа жена завршила на пуст остров со љубовникот и успеала да преживее, додека тој починал

Францускиот истражувач Жак Картие во 1541 година предводел експедиција кон Њуфаундленд во придружба на Маргарет де ла Роа, која тогаш имала само 19 години. Во текот на патувањето, Маргарет се вљубила во младиот Картие, а нејзиниот вујко и суровиот пират Жан-Франсоа Робервал толку многу ѝ се налутиле што одлучиле да ја остават на таканаречениот „остров на демоните“ (денешниот остров Харингтон) во близина на реката Сент Пол.

Од бродот биле исфрлени и љубовникот на Маргарет и неговата слугинка, која, наводно, ја поддржувала аферата. Додека биле на островот, Маргарет родила дете кое умрело од недохранетост, а подоцна гладот им пресудил и на слугинката и на Картие, па Маргарет останала сама заглавена на пустиот остров.

Целата приказна гласи вака: За време на пролетта, Маргарет родила дете, плод на нејзината афера со покојниот љубовник. Но детето, во недостиг од услови за егзистенција, набрзо починало, не оставајќи ѝ на Маргарет ништо друго освен споменот на својот сакан. Кога пристигнала следната зима, починала и старата медицинска сестра Дамиен, оставајќи ја Маргарет потполно сама. Во текот на целата зима, Маргарет се криела во своето засолниште, повремено борејќи се против мечки, ветрови и бури.

Преживеала јадејќи месо од диви животни кои самата ги ловела, а засолниште нашла во една од пештерите на островот. Живеела така цели две години, додека не ја спасиле група баскиски рибари.

Во пролетта 1544 година, кутрата Маргарет била повеќе мртва одошто жива. Изгладнета и исцрпена, се извлекла од своето засолниште, издржувајќи се само благодарение на челичната волја да преживее и да продолжи напред. На нејзина среќа, француски рибарски брод кој бил на минување го видел чадот што се кревал од нејзиниот оган и испратил група на брегот. Рибарите ја нашле Маргарет склопчена во своите износени крпчиња и ѝ понудиле да ја вратат назад во Франција.

По враќањето во Франција веднаш станала славна. Нејзината приказна е комбинација на романса и преживување – веројатно двата најпопуларни жанра во книжевноста.

Тоа што го направиле со телата на настраданите на Титаник е морничаво: Подобро ќе беше никогаш да не дознаевме за ова!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.