Тоа што го направиле со телата на настраданите на Титаник е морничаво: Подобро ќе беше никогаш да не дознаевме за ова!

Тајна чувана 100 години

Можно ли е некој да донел ваква одлука?!

Титаник потонал пред 108 години, но деталите од оваа морска трагедија, која никогаш не била сосема разјаснета, не престануваат да ги интересираат луѓето. Бродот потонал ноќта на 14 кон 15 април 1912 година, околу 740 километри подалеку од најблиското копно, а првиот брод што дошол на помош пристигнал час и половина по потонувањето – долго откако и последната жртва починала во леденото море.

Имено, температурата на водата изнесувала 2,2 степени Целзиусови, во која човечкото тело може да преживее само 15-тина минути. Животот го изгубиле 1517 луѓе, а најголеми шанси за преживување имале патниците од прва класа – се спасиле 63% од нив.

На Титаник имало 20 чамци за спасување кои вкупно можеле да примат околу 1.100 патници – половина од оние што таа кобна ноќ се наоѓале на бродот, но тоа било во согласност со законските прописи од тој период, па се сметало за доволно.

И покрај тоа, само 700 патници успеале да влезат во чамците за спасување. Повеќето чамци полупразни го напуштале бродот, па речиси во секој од нив имало уште слободни места.

Но што се случило со телата?

Вистината за тоа ја кријат тајни телеграми, чии автори верувале дека никогаш нема да излезат во јавност. Во тие телеграми јасно се гледа дека капетанот на еден од спасувачките бродови Мекеј-Бенет, сакал да ги извлече сите тела од морето. Но набрзо сфатил дека неговиот брод е премал за 334-те тела што ги нашле.

Тогаш донеле контроверзна одлука – да ги исфрлат лешовите на патниците од најсиромашната, трета класа, за да им останат доволно места за оние од прва и од втора класа.

Имено, посадата сметала дека тие имаат поголемо право на достоинствен погреб. Од 334-те пронајдени тела, од бродот биле исфрлени повеќе од сто, а тие никогаш повеќе не биле најдени во пространството на Атлантскиот Океан. Вистината за тоа што се случило долго време била криена во доверливи телеграми, кои историчарите дополнително ги нашле во тајните архиви.

Сиромашните останале да пловат

Во првата телеграма капетанот напишал:

„Апсолутно морате да ги доведете сите тела што ќе ги собере на спасувачкиот брод.“

Но Мекеј-Бенет од бродот, набрзо одговорил:

„Направивме детален попис на сите пари и вредна сопственост најдена кај телата. Зар не би било подобро сите дела да се погребаат на море, освен ако семејството не изрази посебна желба да ги задржиме?“

По краткото допишување, било договорено да се исфрлат телата на посиромашните патници, додека остатоците од оние побогатите ќе им бидат вратени на нивните семејства.

Вистински ужас пет дена подоцна

Кога СС Бремен, бродот кој пловел од Германија во Америка, пет дена подоцна се приближил до местото на трагедијата, патниците што биле на него почнале да врескаат. Бремен му се придружил на бродот Карпатиа, а нивната мисија била да ги соберат остатоците од телата што може да се најдат. Во далечината можеле да се видат бели дамки, кои всушност биле замрзнатите тела на мртвите кои на себе сѐ уште ги имале спасувачките елеци.

Со денови по потонувањето, целото место се претворило во огромна водена гробница, со густа магла, звук на брановите, замрзнати тела и зборовите на свештеникот со кои ги испратил.

„Видовме жена во ноќница со бебе цврсто потпрено на нејзините гради“, сведочела Џоана Стунке, патничка од Бремен.

„Таму имаше и тело на жена што цврсто држеше бушаво куче, кое личеше на бернардинец. Некои беа облечени за танц и вечера, некои во ноќници и пижами. Една жена имаше појас за спасување и две деца во рацете.“

Посадата сето го опишала како „ладно, мокро, бедно и неутешно“.

До крајот на април, комбинацијата на сол и сонце почнала да ги уништува појасите и телата почнала да исчезнуваат во длабочините на океанот. Во јуни истата година, сепак, биле пронајдени две тела како пловат во океанот. Тоа биле телата на бродскиот келнер и на кујнскиот работник.

Кејт Винслет за најтешкиот настан во нејзиниот живот: „Тоа беше најголемата криза со која морав да се соочам!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.