„Не сакам да платам, јас сум позната“: Сергеј Варошлија и Златко Јовановски објаснуваат како македонските артисти си бараат услуги за без пари! (ВИДЕО)

Без влакна на јазикот...

Емисија полна со вистини и гости без влакно на јазик, тоа е она што нашата публика можеше да види оваа недела во „Нешто конкретно“.

Сергеј Варошлија на лице место го коментираше изгледот на водителката, Миа Костова во свој стил објасни дека ѕвезда не можеш да бидеш ако се возиш во смрдливо такси, Златко Јовановски уште еднаш го оправда својот хороскопски знак и контра сите кажа дека ѕвезди во

Македонија има – самиот тој, а Иван Наумовски ги потфати политичарите и порача дека народот не треба до толку да се замара со нив.
Какви беа југословенските ѕвезди, а какви се денешните македонски таканаречени ѕвезди? Дали ако знаеш некого значи и дека го познаваш? Како артистите си барале да не платат по кафичи, во салони, кај дизајнери само затоа што се познати?

Многуте прашања што публиката чекаше да бидат поставени во некоја емисија, Снеже Велков ги постави на тапет, а драгите гости како од пушка одговорија и многу повеќе од прашаното.

Гледајте ја една од најзабавните изданија на „Нешто конкретно“ за оваа сезона само на нашиот канал на YouTube.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.