Мајката е олицетворение на стилот, а ќерката како да тргнала во штала: На нозете обула волнени чорапи и КОПИТА!
Модна утка?
Ќерката на Деми Мур ја шокирала јавноста со својот стајлинг и веднаш се нашла на удар на критичарите, кои остро ја искритикувале
Ќерката на холивудската актерска двојка Деми Мур и Брус Вилис ја изненадила јавноста со неверојатниот стајлинг. И покрај фактот што тоа за неа не е невообичаена појава, со оглед на тоа што еднаш се појавила во пижами, многумина биле шокирани.
Екстравагантните изданија ѝ станале заштитен знак на младата актерка Скаут Вилис (29), а за тоа колку далеку може да отиде зборува и фактот што во една пригода прошетала гола на улиците во Њујорк, во знак на протест против Инстаграм, кој ѝ го блокирал профилот поради разголените фотографии што ги објавувала.
Овој пат се надминала себеси кога на улиците во Лос Анџелес се прошетала во волнени чорапи и џемпер, додека на нозете носела влечки во форма на копита.
Нејзиниот стајлинг веднаш се нашол на удар на критичарите, кои имале остри коментари, сметајќи дека комбинацијата на младата актерка е чиста утка. Многумина коментирале дека изгледа како да тргнала во штала или на пазар.
Инаку, Деми Мур е една од актерките која важи за олицетворение на стилот, што претставува остар контраст на ќерка ѝ, чиј стајлинг често завршува на удар на негативни критики.
Коментарите се заклучени.