Рецепт за совршено меко тесто што секогаш успева: Идеално е за сите печива, а може да стои и до 2 дена во фрижидер
Пробајте
Со овој рецепт секогаш ќе имате совршено меко тесто кое е идеално за кифлички, леб, домашна погача…
Ова е рецепт за совршено тесто кој секогаш успева. Зачувајте го, бидејќи сигурно ќе ви стане омилен и ќе го користите само него, а идеален е за кифлички, домашен леб и други печива.
Состојки:
- 1 кг брашно
- 500 мл млако млеко
- 200 мл јогурт
- 2 јајца
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче шеќер
- 1 коцка квасец
Приготвување:
Во сад ставете килограм брашно, па во средината направете вдлабнатина во која ќе ставите малку млако млеко и ќе издробите квасец, па сето тоа ќе го посипете со лажиче шеќер. Потоа, оставете го квасецот да се активира. Додајте ги преостанатите состојки и замесете мазно тесто. Покријте го тестото со крпа и оставете го да нарасне.
Кога тестото добро ќе нарасне, од него можете да направите што сакате: кифлички, погачи. Во случај да не го потрошите целото тесто истиот ден, можете да го сочувате во фрижидер и да го употребите во наредните два дена.
Коментарите се заклучени.