Додајте една состојка во тестото и вашето печиво ќе биде тазе со денови: Евтина е, а сигурно веќе ја имате во кујната

Практично

Состојката што генерално сите ја имаат во кујната ќе направи вашето печиво да биде тазе и меко со денови

Да се приготви најдоброто тесто не е комплициран процес, но мора да се почитуваат упатствата за да се добие добар резултат.

Важно е сите состојки за тестото да бидат на собна температура пред месењето, па затоа извадете ги на работната маса барем еден час пред да почнете со готвење. Ако користите сув квасец, веднаш помешајте го со брашното и сите други додатоци за тестото.

Повеќето домаќинки имаат свои трикови за успешно тесто, но овој трик ќе ви овозможи печивото што ќе го приготвите да биде тазе и по неколку дена. Не е важно дали месите кифлички, леб или погача, доволно е само да додадете една состојка.

Станува збор за скробот што може да се користи за сите видови тесто. Доколку го додадете во тестото, тоа ќе биде воздушесто, а печивото повкусно и тазе. Важно е да го измешате скробот со брашното, па така да го додадете во тестото, а не да го додавате со некои други состојки.

Соодносот е следниот: на 4 шолји брашно оди 1 лажица скроб. Потоа, пригответе го тестото по вообичаениот рецепт и оставете го да нарасне како и вообичаено.

Трик по кој домаќинките полуделе: Лебот ќе ви биде тазе со денови, а тајната е во овој зеленчук!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.