Се омажила за милионер од Дубаи и живее за да ги троши неговите пари: Луѓето вријат од бес кога гледаат што јаде и како се однесува

Неверојатно

Жена на милионер од Дубаи секојдневно се фали со луксузниот живот на социјалните мрежи, што предизвикува многу негативни коментари на нејзина сметка

Соуди е сопруга на милионерот Јамал, а многумина ѝ завидуваат поради луксузниот начин на живот. Оваа жена живее во Дубаи со својот партнер, а како што и самата открила, деновите ги поминува во дотерување – ги средува косата, ноктите и ужива во вкусна храна.

Сопругот Јамал редовно ѝ дава пари за трошење за да го финансира лускузниот стил на живот.

На едно од видеата на ТикТок, Соуди опишала како изгледа една нејзина вечер. Имено, таа поминала една вечер пиејќи коктели со 24-каратно злато со врвен оброк, а сето тоа го платил нејзиниот сопруг.

„Третман на принцеза е тоа што ми треба“, е насловот на нејзиното видео на ТикТок.

„Ова е еден ден од животот на богата домаќинка која живее во Дубаи. Утрото се разбудивме и Јамал кажа дека ќе биде зафатен со работа, па ми даде пари за трошење и, секако, отидов во козметички салон. Тој сака кога се грижам за себе и да ги трошам неговите пари на мојот изглед. Одбрав многу едноставен дизајн на нокти и тој потоа дојде по мене. Ми кажа да ја средам и фризурата додека тој завршува друга работа. Потоа ми кажа дека сака да ме изненади, па се вративме дома и се преслековме“, вели таа во видеото.

@soudiofarabia Princess treatment is what I need fr ✨ #dubai #fyp #ksa #foryou ♬ Calm Down – Rema & Selena Gomez


Подоцна во видеото ги покажала обетките, кои, како што вели, Јамал ги дизајнирал специјално за неа, бидејќи тој едноставно сака да ја разгали. Потоа, саканиот ја однел во скап ресторан, каде што нарачале коктели со 24-каратно злато, а дури и ангажирал пејач кој ја отпеал нејзината омилена песна.

„На вечерата јадевме салати, шкампи, филе мињон и тирамису. Секако, Јамал го плати сето тоа“, додала Соуди.


Како што може да се очекува, нејзините објави предизвикуваат разни коментари.

„Сето ова изгледа многу сомнително“, „Ќе го оставиш штом остане без пари“, „Дали во животот ти е најважно материјалното, а на секоја слика мора да се гледа чантата во прв план за да се види брендот. Нека ѝ е со среќа и нека има најмалку уште 100“, гласат некои од коментарите.

Блогерка открила трикови со чија помош уловила богат маж: Еве на кои места никогаш нема да ги најдете милионерите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.