НЕРЕАЛЕН ГРБ ПОЛН СО ВРЕТЕНЕСТИ МУСКУЛИ – Познатата убавица во РИЗИЧЕН ФУСТАН го покажа ВИТОТО ТЕЛО и не сме сигурни дали ова е кич или совршенство (ФОТО)

Тело-вретено

Пред неколку дена на настанот Angel Ball во Њујорк, во заводлива, ефективна креација се појави американската манекенка Џој Кориган, која ги остави без здив сите присутни.

Дваесет и седумгодишната дама ги покажа својата неверојатно фит-фигура и издлабените мускули во секси-фустанот, кој го истакна нејзиното згодно тело, но беше и доста ризичен за носење.

Овој ангел на „Викторија сикрет“ избра фустан на едно рамо со шарени пруги, обложен со светки и го комплетира со лак-платформи во боја на кожа.

Оваа смела креација ја красеше гол грб, а тенката ткаенина јасно ги истакна градите и брадавиците на оваа атрактивна русокоса.

Фустанот беше скроен така што едно невнимателно и ненадејно движење може лесно да открие повеќе отколку што би сакала Џој, а многумина се прашуваа како таа воопшто го задржа на своето место.

Оваа убавица сè зачини со голема, писмо-чанта и со мали, црни обетки и едноставна, но елегантна пунџа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joy Corrigan (@joycorrigan)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.