Еве колку пари губи Бака Прасе со исклучувањето на неговиот канал на Јутјуб: Месечно можел да заработи 74.500 евра!
Толку од луксузниот живот...
На јутјуберот Богдан Илиќ познат како Бака Прасе му е исклучен каналот на Јутјуб.
Каналот броел повеќе од 2 милиони следбеници и иако се уште не се познати деталите за негово исклучување, во медиумите неодамна се водеа полемики за содржините кои Бака Прасе ги пласира на Јутјуб.
View this post on Instagram
Според податоците на сајтот socialblade.com и статистиките, каналот на Бака Прасе на Јутјуб бил трет најдобар рангиран во Србија.
Проценките се дека месечно можел да заработува многу пари, а во зависнот од содржините и бројот на објавите, како и монетизацијата, заработката на месечно ниво се движела од 4.700 евра до 74.500 евра.
Потенцијален просек на заработка на годишно ниво, според пресметките кој ги објавил сајтот, изнесуваат помеѓу 55.900 евра и 894.200 евра.
Коментарите се заклучени.