Во недела големото финале на „Заблескај“: Дознајте која е новата македонска музичка ѕвезда! (ФОТО)

Недела, 21 часот!

Во недела во 21 часот на социјалните мрежи Јутјуб и Инстаграм ќе биде емитувано големото финале од онлајн-талент шоуто „Заблескај“.

Финалето е веќе снимено, 12 финалисти пееја пред стручното жири составено од: композиторот и продуцент Николче Мицевски, познатата пејачка Александра Јанева, естрадниот новинар Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова.

Сите 12 учесници се претставија со една песна, а само еден од нив успеа да ги освои максималните бодови од жирикомисијата и со тоа да стане вториот победник во втората сезона на ова музичко натпреварување…

За тоа, не пропуштајте, недела во 21 часот….

„Заблескај е оригинален мултимедијален проект на компанијата „Колор медиа плус“ и магазинот „Убавина и здравје“ поддржан од ОРБИТ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.