Сигурно ги правите овие грешки при похувањето модар патлиџан: Со овој кулинарски трик, ќе уживате во неговиот вкус
Задолжително испробајте го
Имаме совршен рецепт за похување на овој зеленчук
Модриот патлиџан е зеленчук кој потекнува од Индија и е во иста фамилија со доматот и компирот. Во секој случај, модриот патлиџан е богат со разни нутриенти, па исклучително е благотворен за здравјето на луѓето и затоа би требало почесто да се најде на вашата трпеза. Ние ви предлагаме феноменален рецепт!
Состојки:
- 1 модар патлиџан
- 2 јајца
- 4 лажици брашно
- 4 лажици презла
- сол
- 100 г кашкавал
- лист од магдонос
Приготвување:
Модриот патлиџан се лупи и се сече на тенки резанки, се посолува и се остава да отстои 20-30 минути. Се цеди и се мие во ладна вода.
Секој лист добро се натапкува со рака во брашно, па со виљушка се провлекува низ јајцата и се чека да се исцеди малку. Потоа, се вала во презлата од едната и од другата страна. Се пржи во длабоко масло. Се вадат на салвети за да се впијат вишокот маснотии.
Во плех обложен со хартија за печење се реди похованиот патлиџан и одозгора се ставаат мали коцки кашкавал. Потоа се остава во рерна 5 минути, колку да се стопи кашкавалот, на 220 степени. Се служи како прилог или како самостојно јадење.
Добар апетит!
Коментарите се заклучени.