Експертите предупредуваат: Грешка што луѓето ја прават кога појадуваат, а која може да го зголеми шеќерот во крвта

Здравје

Појадокот е најважниот оброк во денот.

Тоа е првиот оброк, а неговото прескокнување може да предизвика контраефекти – забавување на метаболизмот, дебелеење и зголемување на ризикот од појавата на дијабетес тип 2. Оброкот со низок процент на јаглехидрати и високиот процент на масти може да го одржи стабилно нивото на шеќер во крвта во текот на денот.

Многу е важно што ќе јадете и пиете во текот на денот. Нутриционистката Лорен Манакер вели за Eat this:

Кај некои луѓе со дијабетес, кофеинот може да предизвика скок на шеќерот во крвта.

Во текот на појадокот, треба да обрнете внимание и на внесот на соковите:

Сокот е брз извор на јаглехидрати, па неговото пиење предизвикува зголемување на шеќерот во крвта, истакна специјалистката за исхрана Сидни Грин.

Овошните сокови содржат значајно помалку влакна од самите плодови на овошјето, затоа би било најдобро влакната да ги надополните така што ќе изедете рака јаткасти плодови.

ФОТО: Shutterstock

Што се однесува на внесот на кафето на празен желудник, тоа е навика која треба да се промени.

Скоро секоја возрасна личност кога ќе стане од кревет заминува во кујната по шолја кафе. Многумина мислат дека поинаку и не можат да го започнат денот и на овој напиток придаваат голема важност.. Но, пиењето кафе наутро на празен желудник е ризично по здравјето, што го потврдија и најновите студии.

Имено, едно истражување кое е објавено во дигиталното издание на библиотеката на Американскиот медицински национален институт вели дека кафето на празен желудник има исклучително лошо влијание по здравјето, посебно кај жените. Зошто е тоа така?

Нивото на хормонот кортизол, познат како хормон на стрес, највисок е наутро кога се будиме и најнизок навечер кога се подготвуваме за спиење.

„Пиењето кафе рано наутро, кога нивото на кортизол е највисок, ги ремети хормоните во организмот и го нарушува деноноќниот ритам. Кортизолот влијае на овулацијата, хормонскиот баланс и килограмите“, објаснува нутриционистот и докторот Карлин Розенблум за порталот “PureWow”.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.