Доколку си легнувате доцна, можете да ги јадете овие намирници пред спиење: Не влијаат врз квалитетот на сонот и не дебелеат!

Совет на експерти

Често се случува да почувствуваме глад пред да одиме во кревет. За да не се соочите со несоница, многу е важно што ќе изедете

Одредени намирници влијаат врз квалитетот на сонот, па затоа многу е важно што ќе изедете ако сте останале будни до доцна. Од таа причина, издвоивме што е препорачливо да се грицне во доцните часови, а што никако не би смееле.

Храна што треба да ја одбегнувате пред спиење иако чувствувате глад

Секогаш одбегнувајте ги десертите навечер, бидејќи шеќерот почнува да дејствува на вашиот организам дури по неколку часа. Па така, постои можност да се разбудите во текот на ноќта и да не ви се спие повеќе, додека наутро ќе се чувствувате уморно и истоштено.

А овие намирници се одлични за безгрижен сон:

Мелатонин

Мелатонин е хормон задолжен за спиењето, па препорачливо е да консумирате намирници што го содржат пред спиење. Почнете да јадете цреши, семки од тиква и пуканки. Семките се богати и со магнезиум, кој ќе им помогне на вашите мускули да се опуштат што доведува до полесно заспивање, додека пуканките се богати со серотонин – хормон што го регулира циклусот на спиење.

Против ’рчење

’Рчењето никогаш не е добро, ниту пријатно – особено за личноста што спие покрај вас. Пред спиење изедете цитрусно овошје – лимон, грејпфрут, портокал или мандарина, бидејќи се богати со витамин Ц, кој го регулира ’рчењето. Едноставно направете салата од ова овошје или секоја вечер менувајте го овошјето и јадете го како здрава вечера/ужина.

Против лоши соништа

Верувале или не, но храната што ја јадеме може да влијае врз она што го сонуваме. Секому му се познати ноќните мори и лошите соништа и знаеме дека не се пријатни. Пред спиење, изедете намирници богати со магнезиум и така ќе си обезбедите помирен сон.

За поубави и покреативни соништа

Интересните, авантуристички соништа се супер за секого и за разлика од ноќните мори – нив ги обожаваме! За поубави соништа, изедете малку сирење за вечера, како и намирници богати со витамин Б6. Препорачуваме банани и туна!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.