Жените лудуваат по него, а тој се „затреска“ во наша позната манекенка: Бојана Нушкова со години се допишува со ОВОЈ турски актер!

Ниту тој не остана имун на убавината на нашата манекенка

Ѝ пишувал дека му недостасува, а таа го изненадила со специјален подарок!

Сигурно сте го начекале на малите екрани згодниот Омер од турската серија „Борбата на мајката“ што се емитува на „Сител“. Станува збор за младиот актер Мустафа Мерт Коч кој ги освои срцата на дамите ширум светот со својот изглед и шарм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMK (@mustafamertkoc)

Жените не можат да му одолеат, а тој не успеа да ѝ одолее на нашата згодна манекенка Бојана Нушкова!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boyana Nushkova (@boyananushkova)


Имено, додека Мустафа престојувал во Скопје во 2019 година, веднаш в очи му паднала впечатливата убавина на Бојана, па не можел да се воздржи и да не го побара нејзиниот инстаграм-профил, а остатокот е историја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMK (@mustafamertkoc)

Од нивната преписка може да се дознае дека тој првпат ја забележал околу хотелот „Мериот“. Нивните разговори траеле подолго време, а доказ дека се сретнале во живо е нивната заедничка фотографија!

На фотографијата се гледа дека Бојана, која инаку има завршено средно уметничко училиште, му подарила специјален подарок – негов портрет што го насликала самата таа!

Насмеаното лице на Мустафа кажува сè, но немаме информации дали нивната врска се развила во нешто повеќе освен дека се договарале да се сретнат додека и двајцата биле во Истанбул и дека Бојана многу му недостигала на турскиот актер.

Прочитајте ги деталите од нивната преписка што пристигнаа ексклузивно до нашата редакција од анонимен извор. Дали овие скриншотови пристигнуваат од љубоморна поранешна пријателка која ги добила во доверба или станува збор само за добар Фотошоп, останува да видиме…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.