Најлошиот роденденски подарок: Потресно сведоштво на Иван за борбата за опстанок на отворено море на Халкидики! (ВИДЕО)

Поминал повеќе од 20 часа во вода

Се спасил со помош на топка!

Минатиот месец роденденското патување на тројца најдобри другари од Скопје се претвори во пекол. Имено, Иван, Васил и Мартин отишле на Халкидики со намера да го прослават роденденот на Иван, но ги зафатило невреме додека биле во море по што исчезнаа без трага и глас.

Најпрво беше спасен Васил, па по 20 часа беше пронајден и Иван, кој се спасил со помош на топка. Тој сега раскажа како успеал да преживее:

 „Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на својот опстанок. Најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето. Ја најдов топката во морето и допливав кон неа и ја држев со раце. Таа беше малку издишана. Беше разочарувачки“, вели Иван.

Иако се обидува да го заборави тоа што се случило, засекогаш ќе го памети „најлошиот роденденски подарок“, како што тој го нарекува ова искуство.

За жал, третиот од друштвото, Мартин Јовановски, сè уште не е пронајден и покрај сите напори, а потрагата по него беше прекината пред десетина дена.

Погледнете го сведоштвото на Иван за грчките вести во целост…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.