Правиме домашен сладолед од јагоди: Уживајте во вкусот!

Рецепт

Освежително уживање на кое младите и старите не можат да одолеат, најдобро е кога ќе го направите сами. Еве како да подготвите домашен сладолед.

Сладолед од јагоди

Потребно е:

400 мл слатка павлака

1/8 лажичка сол

2 јајца

150 гр шеќер

450 гр сецкани јагоди

половина лажица сок од лимон

 

Подготовка:

Соединете ја слатката павлака и солта во тенџере и оставете да зоврие, па тргнете ја од огнот.

Во посебен сад изматете ги јајцата со половина од шеќерот, а потоа додајте го врелиот крем – полека истурете го со непрекинато матење.

Вратете го тенџерето и варете на пониска температура, не дозволувајте да зоврие. Гответе со постојано мешање додека смесата малку не се згусне. Филот изладете го на собна температура и повремено мешајте. Оставете да се излади најмалку 2 часа.

Додека филот се лади, изблендирајте ги јагодите со преостанатиот шеќер и сокот од лимон во блендер додека не се изедначи. Процедете ја смесата и истурете ја во изладениот фил, па добро измешајте.

Истурете во саканиот калап и оставете да се замрзне во замрзнувач. Овој сладолед може да се чува една недела.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.