Данската принцеза прошета во најатрактивниот тренд за ова лето: Удобни патики што изгледаат одлично (ФОТО)
Дефинитивно им го привлекуваат вниманието на минувачите, а ние сме воодушевени од нив!
Данската принцеза Мери беше во официјална посета на Холандија, каде што присуствуваше на деловната конференција во Хаг со својот сопруг – престолонаследникот Фредрик.
Убавата 50-годишна дама имаше ден исполнет со многу обврски, а за таа пригода избра совршена комбинација – која лесно може да се претвори од лежерна во елегантна и само благодарение на промената на чевлите, што Мери ни покажа на дело.
Имено, таа блесна во монохроматски аутфит, избирајќи совршено скроен портокалов костум, кој го надополни со блуза во идентичен тон. Инаку, портокаловата е најмодерната боја ова лето, а полиците во бутиците се полни со парчиња во оваа впечатлива, светла нијанса.
Познатата Данка го носеше оригиналниот костум со удобни спортски патики во беж боја, но подоцна се појави во женствени, крем салонки, со што целото издание автоматски стана поелегантно.
Мери целата модна приказна ја заокружи со златен накит, но и со скапа чанта „Шанел“, чија цена е повеќе од 4.000 евра!
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм