Бизарниот култ ѝ го уништил бракот: Кога бившата сопруга на Ерос Рамацоти ќе облече костим за капење, сите занемуваат!

Погледнете

Ја гази петтата деценија и изгледа брутално

Водителката Мишел Хунцикер (45) привлекува големо внимание каде и да се појави. Нејзините фотографии предизвикуваат лавина коментари, па папараците не пропуштаат можност да ја „уловат“ додека се одмора на сонце.

Иако ја гази петтата деценија, таа изгледа совршено, а мажите воздивнуваат од глетката на нејзиното тело.

Таа е свесна за тоа, па ја користи секоја можност за да се пофали со рамниот стомак и затегнатото тело, но и со природната убавина. Таа е една од ретките дами што успеале да му одолеат на трендот на пластичните операции.

Да се потсетиме, пошироката јавност првпат слушнала за Мишел Хунцикер кога се прочуло дека е во врска со музичката ѕвезда Ерос Рамацоти. Во тој момент, Мишел имала само 19 години, додека пејачот бил во 30-тите години. Двојката се венчала во 1998 година, а се разделиле во 2002 година, додека формалниот развод се случил дури во 2009 година. Со Рамацоти добила ќерка Аурора Хунцикер Рамацоти, која денес има 25 години и која е родена две години пред нивната венчавка.

Како што се шпекулирало во италијанските медиуми, една од причините за разводот била тоа што Мишел одбивала да ја прекине својата врска со бизарниот култ „Воини на светлината“, чија членка била пет години. Додека Рамацоти имал воспаление на грлото, тие се зближиле со докторката што го лекувала, а лекарката набрзо ја одвела својата пријателка на состаноците на сектата, која веднаш ја придобила убавицата.

Таа била во брак и со Томас Трусарди, наследникот на познатата компанија „Трусарди“, со кого има ќерки Селест и Сол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Hunziker (@therealhunzigram)

Беа најпопуларната двојка во Италија: Каде е денес и што прави жената која остана без љубов поради култ?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.