Еден поглед на фустанот на Адријана Лима и ќе поцрвените како булка (ФОТО)
Повторно скандализира
Навикнати сме славната манекенка да го покажува голиот трудничкис стомак, но вчеравечер во Кан ја покажа и интимната зона.
Адријана Лима од ден на ден ги шокира гостите на Канскиот фестивал, но и публиката ширум светот, со своите труднички изданија кои се’ повеќе потсетуваат на оние на Ријана – тие се доста храбри и имаат цел да го разголат стомачето, со желба да ја прослави и нагласи моќта на женското тело.
Бразилската манекенка веќе ја видовме во три различни изданија на црвениот тепих и сите беа доста предизвикувачки и повеќе откриваа отколку што сокриваа, а оваа вечер на премиерата на „Елвис“ одлучи да ја продолжи таа традиција.
Бившиот ангел на „Викторијас сикрет“ се појави во ексцентричен и секако впечатлив фустан во боја на сенф, со долги ракави, но и изрези кои го открија стомакот на Адријана, но и малку подолу.
View this post on Instagram
Имено, фустанот е отворен толку ниско што бепе јасно дека познатата бринета не носи гаќички, а оваа креација е украсена со светки и кристали во сини и бронзени тонови.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм