Ова е НАЈВУЛГАРНАТА КРЕАЦИЈА во Кан, а таа ја носи како да е КРАЛИЦА НА ВСЕЛЕНАТА (ФОТО)

Најубавата Романка вчера прошета во фустан-гаќи на црвениот килим.

Вчеравечер, на фестивалот во Кан црвениот тепих го запали Мадалина Генеа, италијанска актерка и модел со романско потекло, позната по својата раскошна убавина и неверојатниот сексапил.

Мадалина се појави на премиерата на филмот „Елвис“, а избра гламурозна, но во исто време и многу провокативна креација, во која без многу мака се издвои во толпата убави дами.

Оваа 34-годишна актерка блесна во бела тоалета, која всушност е комбинација од секси-боди украсени со монистри и цвеќиња и шлеп-здолниште сошиено од десетици метри тул.

Оваа креација беше асиметрична, односно практично немаше преден дел, па госпоѓица Генеа на сите им ги покажа своите вити, затегнати, долги нозе.

Изданието го надополни со ефектни, светкави обетки, сандали со сребрени ремчиња и ефектен прстен, а убавото лице го истакна со совршена шминка.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.