Интернет-врат, паметни брчки… Како дигиталната доба влијае на кожата?

Употребата на разни апликации и бескрајните разговори преку мобилен телефон можат да го загрозат здравјето на кожата.

Еве како да го спречите тоа…

Интернет – врат Ако често читате мејлови или „сурфате“ на интернет, зачестеното спуштање на погледот на мобилниот телефон или на таблетот, со текот на времето, може да предизвика појава на длабоки хоризонтални брчки на вратот.

За да ја избегнете оваа несакана појава, обидете се телефонот да го држите во линија на очите (што е полесно доколку седите) и редовно нанесувајте на кожата крем со пептиди, кои ја стимулираат продукцијата на колаген и спречуваат појава на брчки.

Ако веќе имате длабоки брчки на вратот, експертите препорачуваат инјекции на невромодулатори, како што е ботокос. Тие го намалуваат опуштањето на мускулите и ја подигаат кожата по должина на вилицата, со што се решава проблемот со набрчканост.

„Паметни“ брчки Ако имате навика мобилниот да го користите во темница, тогаш веројатно многу побрзо од вашата генерација ќе почнете да забележувате брчки на лицето.

Многу луѓе го користат мобилниот додека лежат во кревет пред спиење, без употреба на диоптриски очила, па последично, со текот на времето, почнуваат да им се појавуваат брчки околу очите, поради контракциите на очните мускули кои се напрегаат во темница.

Ефектот е ист како да сте се појавиле на плажа без очила за сонце. Крем на база на ретинол и хијалуронска киселина ги намалува малите брчки, додека, пак, инјекции со невромодулатори го решаваат проблемот со подлабоките.

CFL – пигментација Веројатно од преминувањето на компактна флуоресцентна светилка (CFL) забележавте заштеда на енергија, но дали забележавте и поголем број кафени дамки на кожата?

Пред четири години, научниците констатираа дека овој тип светилки емитуваат повеќе УВА-зраци од конвенционалните, а тие предизвикуваат оштетување на кожата.

Затоа експертите советуваат редовна примена на препарати со антиоксиданси, за превенција на оштетувањата на кожата, како и третмани со пулсирачка светлина (IPL) во дерматолошка ординација, која ќе ги отстрани настанатите дамки. Размислете за замена на флуоресцентните светилки со ЛЕД-осветлување, кое не емитува УВ-зраци.

Акни од мобилниот телефон Акните што се појавуваат поради честото разговарање преку мобилен телефон се мошне непријатна појава, а нивниот причинител е делумно од бактериска природа. Екраните на мобилните, особено на оние од новата генерација, обично брзо се замастуваат, а бактериите се лепат на маснотијата.

Затоа е најдобро да се користат слушалки или интерфон, или редовно да се чисти екранот со антибактериски марамчиња. Исто така, лицето треба секој ден да го чистите со препарат што содржи салицилна киселина и повремено да правите пилинг на кожата.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.