Сите погрешно ја приготвуваме руската салата: Ова е единствениот вистински рецепт!
Оригинален рецепт
Без оваа салата, новогодишната трпеза е незамислива
Во некои јазици оваа салата е позната како „руска“, а во некои јазици како „Оливија“ салата (на руски, украински, германски, англиски).
Оваа салата има доживеано неколку измени, а оригиналниот рецепт драстично се разликува од оној што го знаеме денес.
Салатата Оливија е наречена по името на нејзиниот креатор Лусијано Оливие, кој бил сопственик на ресторанот „Ермитаж“, еден од најдобрите во тоа време. Со оваа салата ги служел своите гости, а таа набрзо станала заштитен знак на овој ресторан.
Самиот рецепт долго бил чуван како строга тајна, а првпат бил објавен на 31 март во 1894 година, во магазинот „Наша храна“.
Состојки за оригинална руска салата:
- варен компир
- морков
- кашкавал
- крупни кикирики
- зелен грашок
- јајца
- корен од целер
- кромид
- варено пилешко месо
- јаболко со тиквички – посолено, забиберено и премачкано со сенф
- мајонез
Оттогаш, рецептот за руска салата многу се има сменето, скапите состојки се заменети со подостапни. Сега, стандардната руска салата содржи варен компир, варен морков, шунка, јајца, кисели краставички, грашок и мајонез.