Филмски бакнеж за разделба: Џенифер Лопез и Бен Афлек уловени во љубовен занес!

Преслатки!

Холивудската двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек биле фотографирани вчера на аеродром во Лос Анџелес

Вљубените партнери долго се збогувале на аеродром, додека пилотот на приватниот авион чекал Џенифер да се качи и да одлета за Мајами. Двојката долго се прегрнувала, смеела, бакнувала и збогувала на аеродромот.

Фотографиите од вљубената двојка брзо се рашириле на социјалните мрежи.

„Колку вљубено го гледа таа“, „Па тие навистина се како тинејџери.“, „Луѓе, тие навистина се сакаат“, се само некои од коментарите под овие фотографии.

На Инстаграм нивните обожаватели споделиле и видео со описот:

„Тие се толку слатки кога се заедно.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jlo fan (@jennifermyobsession3)


Бен Афлек и Џенифер Лопез по 17 години ја обновиле романсата во април оваа година и оттогаш се неразделни.

Јавноста нетрпеливо го очекува и денот кога ќе застанат пред олтар!

Џенифер Лопез и Бен Афлек не можат да си одолеат: Продолжуваат да разменуваат нежности на јавните настани (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.