Близнаците пробуваат 10 парчиња гардероба, лавот е ненаситен: Какви сте кога шопингувате, според вашиот зодијачки знак?

Кој е „стиснат“, а кој го троши и она што го нема?

Фото: Getty Images

Следува сезоната на попусти, време е да се подновите, но секој од нас тоа го прави на различен начин

Во која група припаѓате вие според хороскопскиот знак?

Овен – Дечки, видете што најдов! Ова знаете колку е без попуст? Што, не сакате да си купите по една ваква блузичка? Леле, не сте нормални!

Бик – Премногу е скапо. Сè е скапо. Не знам каде гледате вие попуст, сериозно не сте ми јасни. Еве на пример, оваа најобична кошула е колку две твои дневници. Толку малку си го цениш трудот?

Близнаци – *Носи 10 парчиња облека во рацете. Се затрчува кон гардеробата, на половина пат се премислува и се враќа да земе уште нешто за пробување. Постојано довикнува од гардеробата да му се донесе друго бројче или боја од одбраните парчиња облека.

Рак – Уште колку ќе купуваме? Може конечно да одиме да јадеме? Јас ќе се качам најгоре и ќе си порачам за јадење, вие сакате нешто? Не сте гладни?

Лав – Ми треба ова… и ова… и ова… можеби само уште ова. Не знам зошто луѓето мислат дека сум ненаситен, купив само 3 пара фармерки, 7 џемперчиња, 4 кошули, еден капут, опрема за скијање…

Девица – Не сакам да потрошам многу. Имам план, неколку недели размислував и анализирав што ми е најнеопходно за купување. Точно знам каде стои и не планирам да губам време по продавници. Еве, тука во тефтерчето ми е запишано што ми треба, колку проценти е на попуст и од овој список не отстапувам.

Вага – Трча кон Близнаците да им однесе друго бројче од облеката што ја испробуваат. Некому му се пие вода, оди да им купи. Им помага на сите додека не ги пронајдат работите кои ги сакаат. За себе купува магнет за фрижидерот и мал сувенир.

Скорпија – Јес! Мојата омилена продавница! Дечки, јас сум тука, кога ќе завршите сите дојдете и барајте ме, не мрднувам од продавницава.

Стрелец – Ајде бре побрзајте веќе. Цел ден го изгубивме во трговскиот. Можевме да прошетаме низ градот, да видевме некоја знаменитост, да уживавме на кафе… се затвориле тука по продавници, усул немате.

Јарец – Почекајте, имам ситно. Примате долари? Ааа, само евра… во ред, имам и евра. Имам и секакви картички, и за попуст и ваучер и специјален купон за заштеда… може да ги употребам сите?

Водолија – Не ми е баш потребно ова во моментов, ама ќе го купам, секако е на попуст. Ама ќе застанам само на едно купено нешто. Не, на две, сепак попустиве се огромни… *излегува натоварена со 8 полни ќеси.

Риби – Ништо не ми стои! Ништо не изгледа добро на мене. Зошто не си ја почнав диетата на време? Зошто секогаш мора да се нервирам за ова? Види колку убави работи си купија сите, јас ништо. И кој носи XS и S, каде е облеката за нормални луѓе? *пушта некоја солза, па се качува кај Ракот и храната да си касне нешто.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.