Почина актер од серијата „Пријатели“! (ФОТО)
Џејмс Мајкл Тајлер почина на 59 години
Американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, кој е најпознат по улогата на Гантер во серијата „Пријатели“, почина на 59 години.
Тајлер починал мирно во својата куќа во Лос Анџелес во недела утрото, се наведува во соопштението од неговиот менаџер. На Тајлер во 2018 година му бил дијагностициран рак, кој подоцна се проширил и на неговите коски.
– Сакајќи да помогне на што повеќе луѓе, храбро ја споделил неговата приказна – рекол неговиот менаџер.
Иако немал иста количина на време како шестте главни ликови од „Пријатели“, Гантер беше и остана популарна фигура помеѓу фановите на „Пријатели“.