Почнува владеењето на Скорпијата, подгответе се за неочекувани промени: На овој знак ќе му се промени животот од корен!

Астро-прогноза

Скорпијата ќе владее од 23 октомври, па сè до 22 декември

Нè очекува период во кој ќе се соочиме со сите наши стравови, но и ќе успееме да се избориме со нив.

Месеците што ни претстојат ќе бидат полни со предизвици и многумина ќе се осмелат да се соочат со сите проблеми што ги мачеле со години. Потиснатите емоции, стравови, непријатности, сето тоа ќе излезе на површина, а Скорпијата ни дава можност сето тоа конечно да го надминеме.

Ова владеење на Скорпијата ќе го обележат одредени компликации и борби, на и големо олеснување и подобрување на крајот. Ќе сфатиме дека имаме моќ да ја промениме, не само својата реалност, туку и самите себе.

Покрај тоа, Скорпијата е симбол на сексуалноста, па можни се и авантури, случаи на фатална привлечност и забранети врски во кои страста е посилна од разумот. Односите од кои не сме задоволни сега ќе западнат во кризен период.

Време е за искреност, бидејќи само така можеме да го расчистиме сето тоа што сме го криеле под тепих со месеци.

Ова е одличен период за планирање идни работни потези. Сè што ќе испланирате овој период, ќе резултира со успех во иднина.

Овој астро-период ќе биде исклучително поволен за сите Скорпии, па затоа добро искористете ја шансата што ви ја даваат ѕвездите.

Во текот на владеењето на Скорпијата, ќе се случат 3 значајни пресврти, и тоа:

Младата месечина во Скорпија на 4 декември го симболизира крајот на нешто, ќе има настани што ќе го најават почетокот на крајот. Ќе ве охрабри да сфатите дека имате моќ да го промените сето тоа што не е добро за вас.

Неделен ХОРОСКОП за периодот од 18 октомври до 25 октомври 2021

Во периодот од 9 до 19 декември, Марс и Меркур во Скорпија ќе ги добијат силните аспекти на Сатурн и Уран. Комуникацијата и дејствувањето ќе бидат отежнати. Ќе се соочувате со препреки и со ограничувања, кои ќе ве забавуваат и нема да можете јасно да го согледате и квалитетно да го решите проблемот. Можно е и да изгубите нешто, за да добиете нешто друго. Не донесувајте нагли и импулсивни одлуки. Внимавајте на парите.

Помрачувањето на месечината на 19 декември во знакот Бик ќе ве поттикне да ја ревидирате и да ја стабилизирате финансиската ситуација, да го освестите вашиот внатрешен капитал, вашите доблести, знаења и искуства. Ова помрачување може да ни помогне да се откажеме од нездравите релации. Ако не го направиме тоа ние, животните околности така ќе се наредат што нема да имаме многу избор.

Фото: Pexels, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.