Неделен ХОРОСКОП за периодот од 18 октомври до 25 октомври 2021

Астро-прогноза

Фото: Pexels

Прочитајте каква недела ве очекива и подгответе се за сите предизвици во неа!

Овен

Слободните се на прагот на стабилна врска. Зафатените ќе го зацврстат односот со партнерот. Бидејќи вашиот претходен труд нема да биде соодветно награден, ќе го забавите работното темпо. Ќе ви годи престој во природа.

Бик

Во врските ќе доминира страст. Слободните се доста статични. Може да ве снајдат разни деловни неволји, па ќе бидете неподготвени и нема најдобро да се снајдете во непознатата ситуација. Несоница.

Близнаци

Заедничко летување ќе го зацврсти вашиот однос со партнерот. Слободните ќе имаат можност да избираат. Во постар колега ќе пронајдете поткрепа за реализација на своите планови. Избегнувајте да се карате во рамките на колективот. Земајте повеќе витамини.

Рак

Љубовта е област во која успехот ќе ви овозможи стабилност. Слободните ќе ја сретнат својата сродна душа. Несигурноста што ќе ја чувствувате ќе се одрази на вашиот деловен успех. Можни се осцилации на притисокот.

Фото: Getty Images

Лав

Слободните ќе бидат склони на авантури, а во емотивните врски ќе постои љубомора, која ќе предизвика конфликти. Оваа недела нема претерано да ѝ бидете посветени на работата, повеќе ќе ве интересира забавата. Чувајте се од сончаница.

Девица

Емотивните врски ќе бидат проткаени со разбирање и со романтика. Слободните ќе запознаат интересна личност. Оваа недела нема да успеете да напредувате во работата, ќе стагнирате, но тоа ќе ви одговара. Чести главоболки.

Терезија

Емотивните врски ќе се одвиваат во саканата насока. Слободните се на прагот на возбудлива романса. Ќе инсистирате вашето мислење да се спроведе во дело, но тешко ќе се изборите за тоа. Можни се вирусни инфекции.

Скорпија

Емотивните врски ќе се интензивираат на заемна инцијатива. Слободните ќе имаат повеќе познанства и можности за избор. Нема да бидете задоволни од резултатите од завршената работа. Добро се чувствувате.

Фото: Pexels

Стрелец

Помали несогласувања во емотивните врски ќе станат почести, но ќе имате и добри периоди. Слободните се расположени за дружење и за забава. Благодарение на тимска работа, ќе успеете да остварите поголем дел од вашите цели. Забоболка.

Јарец

Слободните ќе му бидат цел на лице што не е слободно. Во врските ќе доминира монотонија. Вложениот труд можеби нема да ви донесе максимални резултати. Генерално, во овој период работата нема да ви оди од рака. Болки во грбот.

Водолија

Емотивната врска ќе ви биде прибежиште. Слободните се многу нерешителни. Водолиите ќе бидат ранливи и ќе им недостига самодоверба, а тоа ќе им се одрази и во полето на кариерата. Движете се повеќе.

Риби

Нестабилноста во емотивните врски ќе биде привремена, па набргу сè ќе дојде на своето место. Слободните со сите сили ќе настојуваат да ја освојат симпатијата. Нервозата поради нестабилните финансии сè уште ќе биде присутна. Минлива премаленост.

Фото: Getty Images, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.