Запишано им е во ѕвездите: Еве каква судбина ги очекува родените во октомври!

Народни верувања

Дознајте каква судбина ги очекува оние кои се родени во октомври, според старите верувања

Во зависност од полот, еве каква судбина ги очекува поединците родени во октомври.

СКОРПИЈА

Синот што ќе се роди во хороскопскиот знак Скорпија лесно може да им се препушти на блудните искушенија, ако не биде правилно воспитан од страна на родителите. Има лош и опасен карактер, обожава пари и склон е на лаги и измами. Но покрај сите овие недостатоци, склон е и на правење добри дела, поради што ќе биде почитуван од големите господа и авторитети. Ќе прави многу добри дела, а малку ќе добива.

Ќе има среден телесен раст, ќе има голем чекор и ќе биде ладнокрвен. Ќе достигне повисок чин и многумина ќе го сакаат, но тој ќе му биде сосема посветен на женскиот пол. Ќе патува по вода.

Во ноември ќе има голема корист, а речиси секоја зима ќе биде болежлив. Ако се ожени во април, ќе биде среќен во бракот. Во јуни ќе има голема среќа. Во септември ќе биде во неволја, односно ќе го повредат некакви лажни обвинувања, но на крајот сè ќе заврши добро. Животот му се дели на два дела: ако ја преживее 44-та, ќе доживее и 80 години. Смртта му е судена во месецот мај, па затоа треба да се чува од вода. Ќе боледува од болки во коските и грозница.

Жените родени во овој месец ќе имаат висок раст, крупни очи, долга коса и убаво и нежно тело. Во третата година ќе боледуваат, ќе прават сè по свое, ќе се плашат од вода, а ќе настрадаат од оган. Постои голема веројатност дека ќе ги касне куче и дека ќе се омажат за младич, но ќе го остават. Лесно ја придобиваат довербата и наклонетоста на големите господа со своето однесување.

Ќе имаат воспитани деца, а тие самите ќе ги сакаат своите родители и ќе бидат внимателни со нив. Брзо ќе се лутат и растажуваат, а уште побргу ќе им поминува лутината и ќе се развеселуваат. Ќе боледуваат на 3, 12, 27 и 36 години. На средината од својот век, тешко ќе се разболат, а ако го преживеат тоа, ќе ја доживеат 89-тата година, но набрзо потоа ќе заминат од овој свет. Ќе боледуваат од главата и од стомакот.

Почна сезоната на скорпиите и ќе трае сè до 22 ноември, а ова се 10 факти што би требало да ги знаете доколку во близина имате скорпија
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.