Почна сезоната на скорпиите и ќе трае сè до 22 ноември, а ова се 10 факти што би требало да ги знаете доколку во близина имате скорпија

Дали се навистина најопасниот хороскопски знак?

Сите родени помеѓу 23 октомври и 22 ноември се водени од планетата Марс, а нивната аура е црвена.

Опасни, мистериозни, одмаздољубиви, уште колку придавки се прилепуваат до овој хороскопски знак? Сепак, скорпиите не се толку многу опасни како што сакаат да ги доживеете.

Еве неколку интересни факти за еден од најмистичните знаци на Зодијакот. А самите тие можат да ги потврдат или негираат…

Скорпиите се „интензивни“

Лојални пријатели и опасни, лути противници. Посветени партнери и љубовници коишто ќе направат сè што е во нивна моќ партнерот да се чувствува сакано и заштитено.

Доколку дадат ветување, секогаш го исполнуваат. Се водат по сопствената интуиција, и во најголем дел од времето секогаш се во право и носат добри одлуки. Подобро ќе биде да не ги лажете Скорпиите. Тие ги читаат луѓето „како буквар“.

Потајно амбициозни

Скорпиите делуваат мистериозно, како одвај да оддаваат некој детаљ или информација за себе. Но, многумина го мешаат ова однесување со недостиг на став.

Скорпиите во принцип се премногу амбициозни по природа и ќе работат трудољубиво и внимателно за да ја исполнат целта. Кога ќе се решат дека сакаат нешто, ќе го бркаат до крајот на светот, додека не го добијат.

 

Одлично решаваат проблеми

Имате некој проблем, тешкотија или сте во неволја? Побарајте помош од Скорпијата! Тие или ќе го знаат решението или веднаш ќе стапат во контакт со некој кој го знае решението. Тие всушност обожаваат да наоѓаат решенија на проблемите.

Никогаш не се откажуваат

Особено не од добра расправија каде што се употребуваат аргументи. Сакаат да го имаат последниот збор. Доколку ги повредите, навредите или направите нешто кое не им се допаѓа, ќе ве прогонуваат додека не се одмаздат.

Брутално искрени

Доколку сакате искрено мислење, прашајте ја скорпијата. Но, ако сакате некој да ви го каже она што сакате да го слушнете, не ја прашувајте скорпијата. Скорпиите се познати по својата брутална искреност и често пати немаат „влакна на јазикот“.

Ако ги прашате за мислење ќе ви ја влепат вистината в лице, без да размислуваат дали имате доволно силен стомак да го издржите мислењето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.