Родените во знакот Скорпија имаат неодолива моќ – важат за еден од најозлогласените знаци, а всушност кријат голема тајна

Прочитајте

Скорпиите кријат голема моќ во себе, имаат сила да ги надминат сите препреки. Особините што ги поседува овој знак многумина би ги изненадиле

Скорпијата е еден од енергетски најсилните хороскопски знаци, и покрај тоа што важи за еден од најозлогласените. Длабоко во неа се крие моќна сила, но и рани од минатото.

Поради сè што поминала во животот и поуките што ги извлекла, таа ја разбира туѓата болка подобро од многу други знаци. Но и покрај проблемите со кои се соочува, Скорпијата секогаш наоѓа начин да зачекори во светлината и да почне одново, како што змијата ја менува кожата и се раѓа повторно. Тоа има симболична врска со промените.

Скорпијата е способна да успее во сè, бидејќи има силна волја, трпение, истрајност и проникливост. Без оглед на ситуацијата, Скорпијата секогаш ќе најде начин да застане на нозе. Поседува ненадминлива сила. Како претставник на водените знаци, заедно со Рибите и Ракот, Скорпијата е поврзана со сензуалната страна на животот. Грижлива е, сочувствува, но склона е на страдање и осаменост. Меѓутоа, за разлика од Рибите и Ракот, посилна е и поотпорна во екстремни ситуации.

Скорпиите во љубовта

Скорпиите се познати како многу страсни, со многу изразена сексуална енергија. Ним им треба партнер со кого ќе се запознаат на подлабоко ниво, додека заедно ќе ја откриваат својата сексуалност.

Во спалната соба, емоционалната интимност и вистинската сексуална поврзаност им се еднакво важни како и експериментирањето и разиграноста.

Скорпиите генерално се повеќе заинтересирани за долгорочни партнерства одошто за врски без обврски. Но благодарение на природата на водениот елемент, обично поудобно им е да чувствуваат одошто да ги изразуваат емоциите. Ако само што сте започнале врска со Скорпија, можеби ќе морате често да ја прашувате како е и за што размислува. Но со текот на времето, полека ќе се разоткрива себеси и својата вистинска природа.

Скорпиите се одлучни, страсни, горди, искрени и вистински пријатели.

Ова се најспонтаните хороскопски знаци: Дали сте меѓу нив?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.