Сиот накит што го имате спуштете го две минути во оваа смеса: Нема да ви се верува каков ќе излезе!
Пробајте!
За овој трик потребно е малку детергент за миење садови, едно лажиче прашок за печиво и врела вода
Накитот е моден додаток без кој многумина ретко излегуваат од дома. Со текот на времето, поради честото користење и доаѓање во допир со разни надворешни фактори, почнува да го губи првобитниот сјај. Меѓутоа, постои лесно и брзо решение.
Со само неколку средства од кујната, можете да му го вратите сјајот и првобитниот изглед.
За овој трик потребно е малку детергент за миење садови, едно лажиче прашок за печиво и врела вода.
Сите состојки измешајте ги заедно, па ставете го накитот во смесата. По само две минути, накитот повторно би требало да биде сјаен и чист.
Доколку немате при рака прашок за печиво, можете да користите и сода бикарбона.