Овој хорскопски знак е најдобар сопруг

Сите го посакуваат

Припадничките на понежниот пол имаат различни вкусови, желби и очекувања, сепак на крајот сите сакаат да се омажат со некој кој ќе биде верен, ќе ги сака и ќе биде покрај нив.

Според астролозите положбата на планетите на одреден хороскопски знак има значајно влијание врз карактерот на една личност.

Па така, мажот кој е роден во хороскопскиот знак Бик, се смета дека како сопруг ги има најдобрите особини од сите знаци во Зодијакот. Постојат некои описи кои го претставуваат Бикот како неморален, но тоа е само во исклучителни ситуации кога има силна потреба да го задоволи својот физички живот.

Инаку, тој е кроток, добродушен и верен. Никогаш нема да го  запостави својот дом и семејството, поради каков било интерес. Тој ги обожува сопругата и децата, поради што дава сè од себе за да им ги обезбеди најдобрите услови за живот.

Овој тип на маж најчесто се жени со девојка која има подобар материјален и социјален статус од него, затоа што се раководи од амбицијата да успее да се пробие во повисоките друштвени и општествени кругови. Венера му дава исклучителна смисла за убавина, што допринесува за тоа Бикот секогаш за себе да бара убава, згодна, посакувана и во општеството ценета жена.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.