Ваков накит ќе се носи во 2021-та година (ФОТО)

Кога се менуваат модните сезони, се менува и накитот што го носиме. Време е да се подновите со парчињата што ќе се носат во новата година

Кога ќе се смени модната сезона, прво што треба да обновиме е накитот. Облеката секогаш можеме да ја носиме неколку сезони, но накитот мора да ги следи актулените трендови. Затоа погледнете каков накит би требало да избирате во 2021-та година.

sommaiphoto/Getty via Guliver

Бисери

Лажни, вистински, големи, мали… Сеедно! Бисерниот накит е апсолутен тренд во новата година. Апсолутен императив се бисерни обетки и тоа за секоја пригода. Предност имаат малите парчиња накит, децентните. Сепак, покрај едвај забележливите бисери со гвинт добредојдени се и висечки обетки, кои се доста впечатливи. Се разбира, за посебни пригоди.

Исклучително популарни се и бисерните алки, а кога станува збор за ѓерданите, хит се златните синџирчиња со приврзок од бисери.

Злато

rolleiflextlr/Getty via Guliver

Брз разлика дали е вистинско или ажно, златото е повторно во мода. Овој благороден метал своето враќање го најави уште минатата година, а во 2021 ќе блесне со сиот свој сјај.

Ако избирате златен накит или добра имитација, прв избор би требало да ви бидат златните алки. Класична плетка, со што поголеми алки е вистинскиот избор. Овие алки ќе бидат особено популарни напролет и налето кога ќе привлекуваат големо внимание.

За вечерни пригоди можетеда изберете крути и впечатливи жердани во боја на злато, без некакви детали.

Предимензиониран накит

Откако предимензионираната облека беше апсолутен хит минатата година, оваа на ред е предимензионираниот накит. Или изберете огромни парчиња или апсолутен минимализам – ниедна средна опција не е добредојдена оваа сезона!

Принципот на предимензионираност не се применува единствено кога станува збор за прстените.

Топчиња

denisfilm/Getty via Guliver

Ако не сте сигурни за кој облик да се одлучите, изберете топчиња. Од метал или бисери, на краевите на герданот, на алките, на висечките обетки… топчињата се најдоа на чело на сите облици!

Модерни се и топчиња од кристал и тоа безбоен. Не е важна големината на куглите, но мора да бидат усогласени со остатокот од накитот.

 

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.