„Камо и мојот маж да медитираше вака по работа“: Видеото на Јелена Ѓоковиќ предизвика љубомора кај жените!
Погледнете!
Дали е ова маж од соништата?
Јелена Ѓоковиќ ги користи социјалните мрежи за да ја истакне активноста на важните хуманитарни организации што ги поддржува, но и за да сподели понекој приватен момент од својот живот. Обожавателите на Инстаграм неодамна ги развесели и со видео од својот сопруг.
Иако во текот на последната гранд-слем турнир-сезона US Open, на која Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето, на тенискиот ас не му е тешко по напорниот работен ден да изработи и трета смена.
Јелена Ѓоковиќ го „уловила“ како во кујна мие садови, снимила видео и го објавила на Инстаграм, па појаснила:
„Вака Новак медитира по доцен вечерен меч на US Open. Тој е мојот најважен играч во кујната.“
View this post on Instagram
Видеото покажало дека моментално најдобриот тениски играч на светот не бега од домашните обврски и дека сака да ѝ помогне на сопругата, дури и кога игра на важен турнир. Освен тоа, тврди дека миењето садови го опушта.
„Сè би дала и мојот маж вака да ‘медитира’ после работа“, коментирала една обожавателка на Инстаграм, додека друга го пофалила: „Браво, нека научат од тебе овие Балканци дека и мажите работат по дома!“