Дали би ни поверувале кога би ви кажале дека можете да направите вкусна торта и тоа за само 10 минути? Рака на срце, потребно е да постои во фрижидер уште некое време, за да се затегне убаво, но самиот процес на приготвување е мошне краток.
Најдобро е да ја направите тортата навечер и да ја оставите во фрижидерот до утрото.
Кремавиот дел е со манго и индиски ореви. Филот не е премногу цврст, но е сосема доволен за убаво да се сече тортата. А, што се однесува до вкусот, тој е целосно неодолив.
За толку интензивна жолта боја, додајте малку куркума во филот.
Торта од манго
Забелешка: овој рецепт е приспособен на калап од 15 сантиметри. Ако сакате поголема торта, внимателно пресметајте ги потребните состојки
СОСТОЈКИ:
Кора:
120 г ореви
120 г исчистени свежи урми
1/3 лажиче цимет
Фил:
250 г сурови индиски ореви
100 г цврст дел од кокосово млеко во конзерва (најдобро е да ја ставите конзервата во фрижидер еден час или два пред приготвувањето)
100 г свежо манго
3 лажици мед
1/2 лажичка куркума
1 лажица сок од лимон
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Исечкајте ги оревите во блендер за да добиете ситна мелена текстура. Додајте ги преостанатите состојки и изматете ги во компактна смеса. Распоредете ја добиената смеса во калапот.
Во силен блендер ставете ги сите состојки за филот. Мешајте додека смесата стане хомогена и компактна. Нанесете ја над ретходната во калапот, па ставете го во фрижидер да се стегне.
ДЕКОРАЦИЈА:
Исечете го лимонот и / или мандарината на прстени, а мал дел од мангото на коцки. Ставете во замрзнувач да замрзне. Пред послужување на тортата, исечете ги прстените на помали парчиња и украсете го секое парче торта со коцки од манго.
Добар апетит!
Текст: Убавина и здравје
Фото: Getty Images