Солени њоки што се топат во устата!

Рецепт

Њоките се мали кнедлички направени од компир, кои можат да се сервираат со разни сосови, сирења, домати, кремови или песта, исто како и тестенините.

Иако потекнуваат од Италија и се познати по начинот на послужување, њоките постојат во многубројни форми и се прават со разни придружни јадења.

Денес ви донесуваме рецепт за њоки во сос од домати.

Состојки:

* лажичка маслиново масло

* кромид

* 2 чешниња лук

* црвена пиперка

* 400 г пелат

* 500 г њоки

* лажичка сув или грст свеж босилек

* 125 г моцарела

Приготвување:

Загрејте го маслото во тава и испржете го исечканиот кромид и ситно исечканата пиперка пет минути. Додајте го исечканиот лук, пржете една минута, а потоа додајте го и пелатот.

Гответе околу 10 минути, мешајќи повремено. Сварете ги њоките според упатството на пакувањето, па додајте ги во сосот. Зачинете со сол, додајте сечкан босилек и префрлете ги во голем огноотпорен сад.

Наросете ги њоките со рендана моцарела и печете ги десет минути, додека сирењето зарумени.

Добар апетит!

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.