Ана Николиќ пронајде златна картица на бината: „Ако не се пријави сопственикот, ќе ги потрошам парите!“

Среќница

Ана Николиќ во петокот настапи на свеченото отворање на нов клуб во Белград, каде што сите погледи беа вперени во неа.

Имено, за настапот, поп-пејачката се одлучи за невообичаени детали. Носеше црн тесен фустан со тантела и светкавци, со длабоко деколте што ѝ се спушташе до стомакот, а врз залижаната коса носеше мрежа украсена со крисали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Espreso. rs (@espreso.rs)

Следниот ден, Николиќ повторно настапуваше, овој пат во прекрасен жолт фустан, кој одлично ѝ прилегаше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

За време на настапот, Ана седна на бината и забележа златна кредитна картичка, која ја зеде во раката обраќајќи им се на присутните:

Чија е картичкава? Ако ја загубил некој, нека се јави. Ако има пари, ќе ги потрошам“, искоментира пејачката во свој стил, па додаде:

„Можеби човекот не ја загубил картичката, туку намерно ми ја оставил.“

Публиката обој нејзин коментар го испрати со аплауз и овации, па продолжи да ги пее нејзините хитови во еден глас.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.