Контроверзниот победник на Евровизија ги освои женските срца: Погледнете каков фраер бил пред неколку години!
Се прославил во „Икс фактор“
На фотографиите што кружат на социјалните мрежи имал руса коса и немал тетоважи
Моментално најпопуларниот Италијанец Дамијано Давид (22), фронтменот на групата „Манескин“, кој победи на Евровизија во Ротердам, привлече големо внимание со својот необичен изглед.
Младата рокенрол-ѕвезда по победата се соочи со скандал поради наводното консумирање дрога на Евровизија во пренос во живо. Тој го демантирал ова тврдење и доброволно отишол на тестирање.
Овој Италијанец по кого полудеа жените ширум Европа, стекна популарност во 2017 година со учеството во италијанската верзија на музичкото талент-шоу „Икс фактор“. Тогаш ги немал тетоважите по кои денес е препознатлив, како ни потпетиците, но имал и некој килограм повеќе за разлика од денес.