Германците не ручаат без неа: Оваа кремаста и освежувачка салата од краставици е празник за непцата!
Совршено освежителна
Ова е одлична, лесна и освежувачка салата од краставици, која е малку поинаква од вообичаената
Наречена Гуркенсалат, оваа салата е главен прилог во секој дом во Германија. Особено омилена е во текот на потоплиот период, бидејќи е многу лесна, разладува, а одлично оди и со калорични оброци со месо.
Верзијата на оваа салата од краставици ќе ја најдете во секој дом во Германија и во многу германски ресторани ширум светот. Постои и варијанта без крем, како и кремаста верзија како оваа што ја споделуваме. Станува збор за одлична летна салата што освежува и има чист и неутрален вкус. Може да стои два дена во фрижидер.
Состојки:
- краставици – најдобро е да користите долги, англиски краставици, бидејќи се помалку водени и имаат поцврст плод од обичните домашни.
- павлака – најдобро е да биде полномасна, бидејќи соковите од краставиците ќе го разредат кремастиот прелив. Исто така, можете да ја замените со густ, обичен јогурт.
- оцет – најдобро е јаболков оцет.
- копар
- власец – ќе додаде убав, освежителен вкус, нането исто така оди многу добро, а магдонос ставете само доколку сакате да добиете понеутрален вкус.
- за малку попикантен вкус додајте лимон и малку лук
Приготвување:
Излупете ги и ситно исечкајте ги краставиците на кругови. Ако користите помеки краставици, нема потреба да ги лупите, бидејќи лушпата е помека, но слободно ако сакате.
Пригответе го преливот. Измешајте ги состојките за преливот во мал сад, а потоа додајте ги краставиците. Преливот на почеток ќе биде прилично густ, но ќе се разреди во следниот чекор.
Оставете ја салатата да отстои 4 часа. Краставиците ќе омекнат од солта и киселината на преливот, како многу благо киселење. Сокот од краставиците исто така го разредува преливот, па густиот, богат прелив од павлака ќе стане редок како колслав , кој е освежителен, но не и тежок.