„Дојди да ми пееш на роденден, те чекам!“ – Мартија Станојковиќ со отворена покана до кандидатка во „Заблескај“
Веќе падна и договор за настап
Веќе на големо се коментира втората емисија од музичкото талент шоу „Заблескај“, а меѓу кандидатите кои привлекоа големо внимание е и оваа тројка со која ќе ве запознаеме во продолжение.
19- годишната Ангелина Несторова ја испеа темата „Врати ми го сонцето“ од Александра Јанева.
Ангелина е од Гевгелија и има 19 години. Студира на Економскиот факултет во Скопје, а во слободно време пее. Најчесто ги слуша Каролина Гочева, Елена Ристеска, Александра Јанева… Исто така Ангелина посетува и часови за пеење, а оваа година по вторпат ќе учествува на фестивалот „Европорта фест“ во Гевгелија.
Нејзиниот настап Таско и Мартија го оценија како одличен.
Атмосферата во студио дополнително ја загреа Мелиса Зијадиќ која ја испеа „Дај ми мало времена“ од фолкерот Ѓани.
Мелиса доаѓа од Прилеп, има 15 години, а за 10 години од сега се гледа како позната пејачка на Балканот. Нејзина омилена пејачка е Марија Шерифовиќ.
Мартија откако го преслуша настапот на Мелиса ја покани да и пее на роденденската забава, а и Таско не остана имун на нејзиниот настап и додека ја слушаше Мелиса заедно со Марко заигра.
Емотивната изведба, пак, на Михаил Штаргоски ги подели Таско и Мартија во однос на размислувањата.
Таско рече дека Михаил избрал погрешна песна.
Инаку, Михаил е од Прилеп и има 21 година. Работи во угостителски објект и аматерски се занимава со музика. Од македонската естрада најмногу ги слуша Тоше, Тамара, Влатко Илиевски и други..Михаил пишува и текстови, а има и своја авторска песна која носи наслов „Време за збор“.
Следната премиера на „Заблескај“ е во понеделник во 21 часот, а во продолжение погледнете ги настапите на Ангелина, Мелиса и Михаил…